Хибридна сушара за еколошко сушење земјоделски производи во Неготино

Во рамки на регионалниот проект InnoHub, во Ековита е поставена хибридна сушара – напредно решение што комбинира сончева и електрична енергија за ефикасно, еколошко и економично сушење на земјоделски производи, информираат од таму.

Според нив овој чекор претставува силен придонес кон:

Зголемување на квалитетот и безбедноста на храната

Намалување на енергетските трошоци

Поддршка за одржливо земјоделство во руралните средини

Проектот е жив доказ за тоа како иновациите можат да го трансформираат земјоделството – создавајќи почиста иднина и посилна локална економија, велат од Ековита.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести