ХИТ ВИДЕО! Ѓоковиќ го повика Надал на сцена, другите тенисери им се приклучија и направија „воз“

Најдобрите тенисери на планетата во моментов се во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад.

Новак Ѓоковиќ. Рафаел Надал, Јаник Синер, Карлос Алкараз, Даниил Медведев и Холгер Руне добија огромни пари за учество на спектакуларна егзебиција, со име „Слем на шест кралеви“.

За титулата ќе се борат Синер и Алкараз, а за третото место ќе играат Ѓоковиќ и Надал. Во меѓувреме сите добро се забавуваат.

Токму Ѓоковиќ и Надал беа во главните улоги за време на забавата, откако Ѓоковиќ во еден момент го повика Надал да му се придружи на подиумот, а потоа им се придружија и останатите.

Надал го држеше помалиот син во раце и негираше со главата, но во еден момент попушти, ѝ го даде детето на сопругата и му се придружи на Новак.

Најчитани вести