Хоџа: Денеска е објавен новиот повик за 10 000 евра неповратни средства, за поддршка и мотивација на млади земјоделци

Младите кои имаат до 40 години а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеја во секторот земјоделство, од денеска до 29. август 2021 година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку Мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како Млад земјоделец.

Корисници на оваа подддршка може да бидат сите кои имаат до 40 годишна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно Законот за вршење на земјоделска дејност и Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600.000,00 денари или до 10 илјади евра по корисник, а барателите поддршката може да ja искористат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање на соспствен агро – бизнис. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво во најмногу три рати.

Сите заинтересирани, барањата може да ги поднесат електронски по извршена регистрација на e-baranje.ipardpa.gov.mk.

Фејсбук статус на Арјанит Хоџа – Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести