Холивудската легенда Кирк Даглас почина на 103 години

Кирк Даглас, кој беше една од последните преживеани sвезди на Златното доба на Холивуд, почина на 103 годишна возраст.

Семејството Даглас ја потврди веста за смртта.

„Со огромна тага јас и моите браќа објавуваме дека Кирк Даглас не остави денес на 103-годишна возраст“, ​​напиша синот Мајкл Даглас на својот профил на Инстаграм. „За светот, тој беше легенда, актер од Златното доба на филмовите , хуманист, чија посветеност на правдата и причините во кои веруваше, поставија стандард за сите нас“.

Номиниран три пати за најдобар актер од Академијата за филмска уметност и наука, Даглас беше добитник на почесен Оскар во 1996 г. Тој глумеше во повеќе од 80 филмови пред да се повлече во 2004 година.


]]>

Најчитани вести