Хонорарците од денеска не плаќаат придонеси

Законските измени со кои се овозможува укинување на плаќањето придонеси за здравствено и пензиско осигурување за хонорарци стапуваат во сила денеска.

Според измените, што во Собранието беа донесени по скратена постапка, лицата кои оствариле приходи по основ на извршена физичка или интелектуална работа од договор за дело или авторски договор или друг вид договор нема да плаќаат придонес за пензиско и здравствено осигурување.

Ваквото решение, според Владата, уследило по анализите кои покажале дека неколку мерки што во меѓувреме ги спроведоа ги исцрпеа ефектите што сакаа да се постигнат.

– Во последните три месеци се рализираше и проектот „Македонија вработува“ која што овозможува ослободување во период од една до пет години од плаќањето на придонеси на лица што ќе бидат вработени од страна на приватниот сектор и со тоа практично околу 4.000 лица во РМ веќе имаат стекнато статус на редовен работен однос и за нив се плаќаат придонесите и за пензиско и за здравствено осигурување, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Најчитани вести