Вчера околу 13,30 часот во Скопје на ул.„Дижонска“, во куќата на сопственост на А.И., 4-5 непознати лица маскирани лица извршиле разбојништво во обид над малолетните деца Б.И.(2004), Р.И.(2002) и Н.И.(1999).
Имено, додека сопственикот бил отсутен од куќата, лицата влегле во куќата, две од децата ги врзале во дневната соба, а едното дете се заклучило во бањата.
Истите извршиле пребарување по собите, а откако не пронашле пари, ги вклучиле ринглите од електричниот шпорет и ја напуштиле куќата.
Откако заминале, детето кое се заклучило во бањата излегло и ги одврзало двете деца во дневната соба.
Увид на лице место извршила увидна екипа од ЕУМНА при СВР-Скопје и се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Извор: Сител


