Ракометарите на Хрватска синоќа забележаа убедлив триумф над Шпанија во дербито на третиот ден на Европското првенство во Германија.
Висока победа славеше и Австрија над Романија, додека најнеизвесно беше на натпреварот меѓу Србија и Исланд.
Резултати:
Австрија – Романија 31:24
Исланд – Србија 27:27
Унгарија – Црна Гора 26:24
Шпанија – Хрватска 29:39.
Денес на распоредот се првите шест натпревари од второто коло, во групите Д, Е и Ф:
Босна и Херцеговина – Холандија
Чешка – Португалија
Полска – Словенија
Фарски Острови – Норвешка
Грција – Данска
Грузија – Шведска.
Фото: Фејсбук ХРС
МИА


