И Миленко го изнервира: Може ли обичен граѓанин така да се јавува кај претседател на Врховен?!

Новите „бомби“ со пратеникот Антонио Милошоски го изнервираа и новинарот Миленко Неделковски. Тој на социјалната мрежа Фејсбук го искара Милошоски.

Реакцијата доаѓа откако вчера беа објавени нови „бомби“ на кои се слуша како пратеникот Милошоски разговара со претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, му дава инструкции, прашува до каде е работата и му се обраќа со „ти“.

Милошоски веднаш се огласи на Фејсбук, велеќи дека овие снимки се направени од УБК во времето на Мијалков, но за објавувањето го обвини Зоран Заев и СДСМ, закануваќи им се со зборовите „Ќе ве отворам како пупка“.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес конференција за растот на Бруто домашниот произод, во одговор на новинарско прашање одговори дека СДСМ нема ништо со објавените нови „бомби“ и дека сите материјали што ги имал Заев се предадени на СЈО. Тој ги повика надлежните институции да откријат кој ги објавил бомбите.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести