Последните информации говорат дека сопружници од Скопје се жртвите во незгодата во која учествувале автомобил и автобус.
Се се случило кога на магистралниот пат Удово-Демир Капија кај местото Света Петка автомобилот со скопски регистерски таблици марка „фиат сеиченто“ со кој патувал брачниот пар и нивното седумгодишно дете удрил во автобус.
Двајцата сопружници загинале на лице место, додека неофицијалните податоци велат дека детето не е повредено и е пренесено превентивно на клиниките во Скопје.
Засега двете леенти за сообраќај на местото на несреќата се затворени.
Екипи се на терен и се утврдуваат причините за кобната сообраќајка.


