Златан Ибрахимовиќ е потенцијална мета на терористите, велат информациите кои ги пласираат скандинавските медиуми.
Според пишувањата, шведската полиција непосредно крај неговиот дом во Малме нашла бомба, со што уште посериозни стануваат сомнежите што дел од медиумите ги пласираа пред неколку дена, дека постои терористичка закана за фудбалерот на ПСЖ.
Полицијата веќе му препорачала на Ибра да внимава каде се движи барем до крајот на оваа истрага.


