За време на пратеничките прашања, пратеникот Влатко Ѓорчев постави три прашања, на министерот за земјоделство, министерот за здравство и на министерот за информатичко општество. Прашања без никаква содржина, а уште полоши одговори.
– Затоа сакам колега Ѓорчев, да те потсетам на она што го запишал Марко Цепенков: „Сам рипаш, сам белега тураш“. По третпат направи реприза на отворената седница на Владата. Јас по третпат, третти месец не можам да дојдам на ред да ги поставам моите прашања. Ама да те потсетам дека големиот Цепенков ја запишал и оваа народна мудрост: „Море врзи си гаќи в темнина, не пали кита борина“ – вели пратеникот Самка Ибраимовски.
– Ти порачувам да одиш кај техничката служба на собранискиот канал да ти направат видео снимка за да видиш што прашања си поставил и што ти одговориле министрите. Иронијата што ја направи на крајот на третото прашање беше многу проѕирна, нечесна и несериозна. Не доликува на пратеник кој два мандати е во Собранието на РМ така да се однесува. Но, колега Ѓорчев, не заборавај дека времињата се менуваат, кругот се врти и не е добро кога политичарот нешто ќе вети, а ветеното не се исполнува. Во тој случај се произведува ветер и магла – истакна Самка Ибраимовски.


