Ице Андонов – незаборавен херој, вработен во дискотеката на смртта во Кочани. Во своите обиди да ја скрши заглавената споредна врата, кобната ноќ неколку пати влегувал и излегувал за да спаси други животи го загуби својот.

Тој имаше една голема неостварена желба – својата кола да ја однесе на саем за коли. Но судбината напорави да не го дочека тоа. Колата која моментално е на мајстор, откако ќе биде поправена неговите другари и другарки му ветија дека неговата желба ќе му ја остварат постхумно и ќе се посветат да ја остварат таа негова огромна желба.
Ице Андонов пред неколку години го изгубил својот татко и живеел заедно со својата мајка и сестра.


