Игор Карачиќ: Ништо не е загубено

По победата од шест разлика на Висла против Вардар (32-26), во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, средниот бек на „црвено-црните“, Игор Карачиќ, вели дека се правеа грешки повеќе од вообичаено, за разлика од домаќините во Плок на кои сѐ им одеше од рака.

– Мислам дека требаше подобро да го искористиме првото полувреме, имавме многу промашени шутеви, што не е специфично за нас. Нив буквално сѐ им одеше, едно време играа како во транс – вели Карачиќ, кој постигна четири гола на натпреварот против Висла.

Карачиќ верува дека ништо е завршено во овој двомеч и дека со една перфектна подготовка неделава, може да се оствари потребната победа.

– Ништо не е загубено, ќе биде тешко да се стигне, но ние имаме екипа за тоа. Мораме оваа недела да ја одработиме совршено и да поминеме во тоа очекувано четврт-финале – рече хрватскиот репрезентативец во редовите на Вардар.

Најчитани вести