Илон Маск му честиташе на Ѓоковиќ, Србите во делириум: „И Маск е Србин“

По освојувањето на златниот медал на Олимпијадата во Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ прошета по патеката на шампионите во подножјето на Ајфеловата кула на познатиот Трокадеро. На социјалните мрежи тој сподели емотивна порака.

„Никогаш не можев да се откажам од сонот да го освојам овој златен медал, како што и српскиот народ никогаш не се откажа од мене.

Заедно верувавме во невозможното. Иако јас сум тој што го носи овој медал, сакам секој Србин да знае дека е на сите нас.

Претставувањето на нашата нација е најголемата чест во светот. Овој медал, овие моменти, овој живот – ништо од тоа не би било возможно без вашата непоколеблива поддршка. Ова е поради вас. Ова е за вас. Ви благодарам. Ве сака Ноле“, напиша Ѓоковиќ на социјалната мрежа „Икс“.

На оваа објава реагираше милијардерот Илон Маск, актуелниот сопственик на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) и најбогатиот човек на светот. Маск коментираше на постот, ставил српско знаме и напишал „Честитки“, што воодушеви многу корисници на платформата од Србија, кои коментираа дека „Маск е всушност Србин“.

Еден коментар е особено интересен, бидејќи корисник забележал дека името „Ноле“ напишано објратно е „Елон“.

Teнисерот Ѓоковиќ му се заблагодари на Маск за честитката.