Има разлика нели?


Го загубивте патот браќа…

Луѓето својте животи ги положија за да не бидете Самоилови слепци, но за жал денес сме повторно на почеток,ем слепи ем глуви…

Снег завеа среде зима – десет дена беше блокирана државата, дожд заврна – ќе ги однесе луѓето….битно им направија споменици за кога ќе дојдат во Скопје да се сликаат!

Барокот во Скопје „изеде“ автопати во Македонија.

Барокот во Скопје „изеде“ хидро електрани во Македонија.

Барокот во Скопје „изеде“ обиколници околу градовите.

Барокот во Скопје „изеде“ другари мои, и се уште јаде многу сништа на млади луге кои заминаа од Македонија за да си го остварат својот сон таму каде што иднината на властите им е побитна од минатото каде што властите не си ги лечат комплексите од детството, таму каде што дипломата е таа која те вработува, а не партиската книшка, таму каде што има демократија и слобода…

Едно мало потсетување – оние кои ги нарекувате ,,комуњари,, ,,соросоиди,, тие создадоа држава, а во државата направија :

250 километри автопат, во вредност од 260 милиони евра.
Автопати: Скопје-Тетово, Тетово-Гостивар, Хиподром-Миладиновци, Градско-Неготино, Неготино-Демир Капија, Смоквица-Гевгелија.
Обиколница околу Скопје во вредност од 110 милиони евра.

Изградба на ХЕЦ Козјак во вредност од 140 милиони евра.
Започната е ХЕЦ Св.Петка, но власта на ДПМНЕ ја запре нејзината градба.
Отворен е најголемиот граничен премин во Југоисточна Европа-Табановце.
Отворени се три гранични премини кон Албанија.
Далновод Скопје-Битола и Битола-Лерин
Далновод Штип-Црвена Могила
Рестартирани се сите рудници во Македонија кои ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат ги затвори.

Во време на СДСМ Македонија стана членка на ООН, а во време на ВМРО-ДПМНЕ го изгубивме правото на глас заради неплатетни давачки, очигледно и ова го ,,изеде,, проектот Скопје 2014. И кога споменав што СДСМ направи на меѓународен план за Македонија само да потсетам дека во време на СДСМ Македонија стана членка на советот на Европа, светската банка, ММФ, ОБСЕ, партнерството за мир на НАТО, светската трговска организација, потпишавме SOFA догвор, САД ја признаа Македонија под уставно име, станавме земја кадидат за ЕУ и НАТО.

А вие што направивте господа од ВМРО-ДПМНЕ?

Другари има разлика нели?

Колку точно наши пари потроши ВМРО- ДПМНЕ за Скопје 2014 тоа ни го кажаа другарите од СДСМ – 584 милиона евра, повторувам наши пари, а со нив можеле да изградат еден цел град – колку Штип.

Искрено се надевам дека се подзамисливте што се ќе изградеше СДСМ за Македонија во изминатите 9 години . Јас честопати размислувам и знам дека со тие пари за барок и кич што ги потроши ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе изградеше нови автопатишта, а со тоа ќе беа спасени многу млади животи, ќе ја довршеа изградбата на ХЕЦ Св.Петка и најважно од се за мене како млад човек и моите врсници, другарите од маало, училиште, факултет ќе ми беа тука, во Македонија, ке се радувавме на сите наши успеси еден до друг рамо до рамо ќе се боревме заедно за подобро утре. Денес драги пријатели ќе бевме и рамо до рамо со сите развиени слобдни и демократски земји во ЕУ и НАТО.

А вие што направивте господа од ВМРО-ДПМНЕ?

Другари има разлика нели?

Пишува:Митко Бојмацалиев

Извор: Плоштад

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести