Инбокс 7: Петте бирократи кои земаат поголема плата од премиерот

Членовите на Советот за јавни набавки (Ивица Костојчиноски, Златко Арсов, Зоран Трајановски, Суад Зејнуловиќ и Борче Христов) имаат повисоки плати дури од претседателот, шефот на парламентот и премиерот на Република Македонија. Ова се податоците до кои дојде Центарот за истражувачко новинарство СКУП Македонија, користејќи го законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, објавиИнбокс7.

Како што пишува Инбокс7, покрај платите, на членовите на Советот за јавни набавки им следуваат и по 1.860 денари за телефон и по 1.500 денари за угостителски услуги, а на Костојчиноски, државата му плаќала и кирија и комуналии за стан во Скопје во висина од 250 евра месечно.

inboks

Најчитани вести