Бибу Пракаш Свејн (64), познат и како Рамеш Свејн, е уапсен затоа што се оженил со 14 жени и ги измамил за парична корист.
Свејн од Индија е обвинет за неколку кривични дела, меѓу кои и измама, лажно претставување и бигамија.
Бракот со две или повеќе жени е нелегален и казнив како кривично дело, од полицијата тврдат дека во случајот се работи за „сериозен измамник“.
Тој на интернет барал добро ситуирани жени, потоа ги запознавал, им велел дека многу ги сака, за на крај откако ќе се оженел со своите жртви, ги ограбувал и бегал.
„Профилите на овие жени велат дека се високообразовани и имаат клучни позиции во различни организации од приватниот и владиниот сектор“, се вели во полициските извештаи.
Споделувајќи повеќе податоци за Свејн, властите соопштија дека „обвинетиот таргетирал жени на интернет-страниците за брак, се венчал со нив и потоа бегал со нивните пари“. Повеќето од жените жртви барале емоционална сигурност бидејќи или биле „во поодмината возраст“ за брак, или разведени.
Измамникот бил откриен од неговата 14-та сопруга. Таа била учителка која живеела со него и дознала за другите бракови. Се оженил со неа во Делхи во 2018 година.
Пред своите идни сопруги тој се претставувал како доктор, педијатар, адвокат…, а првото судбоносно „да“ го кажал во 1982 година.
]]>


