Управата на фудбалскиот клуб Интер потврди дека членот на Манчестер Јунајтед и српски репрезентативец Немања Видиќ од следната сезона ќе го носи „сино-црниот“ дрес, пренесуваат англиските медиуми. Договорот на Видиќ со Манчестер Јунајтед истекува на крајот на сезонава и на лето тој како слободен играч заминува во Милано.
– Видиќ е фудбалер од светска класа. Тој со своето искуство и харизма многу ќе ни помогне да го оствариме нашите планови, а очекувам да биде пример за младите и еден од главните столбови на новиот Интер, изјави претседателот на клубот Ерик Тохир.
Видиќ професионалната кариера ја започна во Црвена Звезда, а пред Манчестер Јунајтед играл и за Спартак Москва и Спартак Суботица. Со неговиот сегашен клуб ја има освоено Премиер лигата, Лига купот, Лигата на шампионите и Клупското светско првенство.]]>


