разговараме со првиот човек на оваа институција ЕЛАГАФАР ЈУСУФИ за моменталната состојба, плановите за иднина и што е она што треба и како држава да се превземе за да се зголеми едукацијата на земјоделците како и искористеноста на мерките кои ги носи Владата, а се во интерес на сите чинители во земјоделскиот сектор. ЈУСУФИ: АПРЗ е институција која има за цел да обезбедува широк спектар на услуги од областа на земјоделството и руралниот развој до крајните корисници, а тоа во нашиот случај се земјоделците, нивните здруженија, асоцијации, задругите, но и на секој еден поединец на кој земјоделството на некој начин му е допирна точка. АПРЗ е државна институција, која е основана со Закон, со основна цел и задача да обезбедува информации и советодавни услуги согласно своите надлежности. Работиме според претходно дефинирана Годишна Програма во која се опфатени активности со широк спектар на услуги. На годишно ниво нашите советници доаѓаат во контакт со најмалку 50.000 земјоделци по разни основи, што преку дирекни контакти при посета на нивните фарми, што преку трибини кои ги организираме за нивно информирање и едукација, канцелариите по работните единици секогаш се полни со земјоделци кои доаѓаат за било каква потреба, помош и слично. Често сме присутни и во електронските медиуми како локални така и национални, а нашата веб страна нуди голем број на информации, настани, активности и советодавни материјали кои се достапни за секој кој има потреба да прочита соодветен совет за своето производство. Од ова очигледно е дека не сме баш непознати за земјоделците, но често пати не сме препознаени како АПРЗ, туку заедно со Министерството, Платежната агенција и др. институции не нарекуваат „земјоделие“. Но локалните земјоделци ако ги прашате, секако дека ќе ви кажат дека ги познаваат советниците со име и презиме во соодветната работна единица во нивното место. АГРОТИМ: Објаснете како функционирате, колку вработени има, колку подрачни, регионални канцеларии и каков е пристапот на советниците кон земјоделците. ЈУСУФИ: АПРЗ е поделена во 6 регионални центри, а од неодамна со статутарните измени новата поделба е во 8 региони и на тој начин се усогласивме со номенклатурата за агро-еколошките зони NUTS 3, односно со 8-те плански региони што се во државата. Секој регионален центар има по неколку работни единици кои се вкупно 30 на број и се сместени во сите поголеми градови во државата. Главната дирекција од каде што се координираат активностите на Агенцијата се наоѓа во Битола, бидејќи тука е Пелагонија како најголем земјоделски регион и тоа претставува еден вид на добар пример за децентрализација на институциите кои немора секогаш да се лоцирани во главниот град. Моментално броиме околу 130 вработени од кои 90 се теренски советници, а останатиот дел се вработените во дирекцијата и помошниот персонал по работните единици. Кога дојдов за директор во Агенцијата затекнав само 70-тина теренски советници. Ако знаеме дека активни земјоделски стопанства кои според Платежна агенција годишно околу 90.000 користат субвенции, тогаш доаѓаме до податок дека секој еден советник на АПРЗ треба да опслужува по 1.300 земјоделски стопанства, што е невозможно. Ако погледнеме во опкружувањето во регионот, Словенија има преку 300 советници, Хрватска преку 250, а Бугарија преку 200, тогаш повеќе од јасно е дека треба зголемување на бројот на советници, односно вработување на исклучително стручен кадар, агрономи од сите области. АГРОТИМ: Актуелни се мерките „Рурална жена“ , a се очекува „Млад земјоделец“. Каква ќе биде актвноста на советниците за овие огласи? Дали им помагаат на земјоделците околу апликациите? ЈУСУФИ: Советодавната работа е основна дејност на АПРЗ, како трансфер на технологии, обуки, едукација, предлози и насочувања за подобрено земјоделско производство, навремени информации дирекно на терен и други слични активности кај земјоделците. Но имајќи во предвид дека АПРЗ е единствената институција која обезбедува бесплатна помош, голем дел од времето и ресурсите како и енергијата во текот на годината се трошат во административна поддршка на секој оној што се обратил кај нас и сака да аплицира за секоја од мерките за финансиска помош што ги обезбедува Владата во земјоделскиот сектор. Преку целата година се објавуваат мерки како што се млад земјоделец, набавка на механизација и опрема, подигање на нови насади, набавка на стока и многу други. Еве сега актуелна е мерката „Рурална жена“ за која државата обезбедува грант (неповратни средства) во износ од 3.000 евра или 180.000 денари. Нашиот советник му излегува во пресрет на секој кој се обратил до нас без исклучок. Пред се навремено ги информираме за секој јавен повик кога ќе биде објавен. И тоа преку дирекни посети на терен по селата, преку јавни собири, соопштенија, електронски и печатени медиуми, социјалните мрежи, но и преку испраќање на смс пораки, која претставува добра дигитална алатка за информирање. За секој објавен јавен повик, канцелариите на нашите РЕ секогаш се полни со земјоделци и оттука започнува советодавната и административната помош и поддршка на секој што дошол. Советникот пред се го запознава барателот сеопфатно за конкретната мерка, за условите, критериумите и се друго што е потребно за да се охрабри и аплицира. Доколку се одлучи да аплицира, тогаш се започнува со собирање на потребната документација, пополнување на барањето кое оди и во електронска форма, како и изработка на деловен план или технички предлог проект доколку се бара тоа. Значи советникот комплетно го подготвува барателот кој понатаму си аплицира во Платежната агенција. И можам да кажам дека според нашите сознанија добиени од самите земјоделци, скоро секогаш се задоволни од нашата сработена работа, бидејќи во најголем дел ја добиваат помошта, односно му се одобрува инвестицијата за која аплицирале. Задоволството на земјоделците и влијанието на сработеното од наша страна го гледаме и во фактот дека 80-90% од поднесените барања се сработени кај нас од нашите советници. Целото интервју на следниот линк на АГРОТИМ ]]>


