Локално. Како доскорешна министерка за труд и социјална политика, таа не сакаше да ја коментира работата на нејзината наследничка, техничката министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи. Вели, отворена е за соработка со секој министер, а оценката за сработеното ја даваат граѓаните. Царовска потсетува дека треба да се стави јасна граница помеѓу партијата и институцијата со која се раководи, додавајќи дека министерствота и институциите не се партиско седиште. На изборите на 12 април очекува граѓаните да го изберат вистинскиот пат и дека ќе ја препознаат работата и грижата на власта кон нив. Локално: Вицепремиерке, колку сте задоволна од спроведувањето на минималната плата, односно има ли поплаки за неисплатена барање за вратена минимална плата од одредени компании? Царовска: Ми прставува огромно задоволство што минималната плата од 14.500 денари ја утврдивме заедно со работодавачите и синдикатите и е во интерес на сите. Задоволна сум и затоа што за кратко време оваа мерка даде одлични резултати, и минималната плата позрасна за 60 %. Сметам дека нешто што дава резултати нетреба да се бега тука напротив уште посилно да се имплементира. Продолжуваме понатаму се со цел да обезбедиме достоинствени примања на граѓаните, но и задоволни работници коишто ќе ја зголемат продуктивноста на компаниите коишто пак ќе ни донесат посилен економски ратс и развој на државата. Пред само три години текстилните работници зборуваа за нормиран учинок и плата од 9.000 денари, а сега платата од 14.500 денари е реалност и истата има тенденција на постојано зголемување. Она што мене ме прави посебно среќна е големата искористеност на мерката за субвенционирање на плати. Мерката за само 2 и пол месеци ја искористија околу 20.000 компании и ја зголемија платата на 106.000 работници. Благодарение на оваа мерка само минатиот месец скоро 304.000 работници земале плата над 18.500 денари што е 70% од вкупниот број вработени во приватниот сектор. Што се однесува на поплаките за неисплатена минимална плата од последните разговори со вработените и Здружението Гласен текстилец, истите се процесуираат до Државниот трудов инспекторат. Ги повикувам сите работниците коишто сметаат дека им се прекршени работничките права со неисплаќање на минимална плата или некое друго право да се охрабрат и истото да го пријавуваат во Државниот инспекторат за труд. Повеќе на линкот: Локално]]>


