Најавивте обнова на А1 телевизија, некогаш најгледана, која гледачите, велите, уште не можат да ја заборават. Би Ве прашала директно, имате ли доволно пари за еден така голем проект, бидејќи знаеме дека телевизијата е „скапа играчка“, или тоа нема да биде класична телевизија како што беше А1, туку можеби во некое интернет издание? Рамковски: Многу прашања во едно. Прво, дали имам пари за телевизија – не. Најави дека заинтересирани инвеститори има – да. Оттаму и тоа кажување дека е можно, бидејќи јас не велам дека е сигурно дека А1 ќе се отвори, туку велам дека е можно да се договориме да се изведе телевизијата. Инаку, не се согласувам дека телевизијата е играчка, таа е сериозна работа. Ако некој знае за телевизија, јас знам. Можам да се вложам себеси со своето знаење за да ја изградам А1, но не таква, бидејќи никогаш не може да биде таква, но во секој случај најсилна телевизија, со можностите плус што сега ги даваат социјалните мрежи. Сега има поголеми можности А1 да биде подобра од што беше. Значи размислувате за класична телевизија? Рамковски: Секако, се подразбира. Тоа е таа моќ, таа организација. Но не барајте јас да можам да ви ги дадам сите одговори за тоа што значи во сегашни услови А1. Во секој случај А1 би била модерна, со поддршка од социјалните мрежи. На пример, направена емисија, или вестите, но тоа да се пренесува и преку социјалните мрежи. Значи мостот меѓу евентуално идна А1 и социјалните мрежи ќе биде многу појасен и побрз. Повеќе на линкот: Фактор]]>


