Инзаги: Нашата судбина е во наши раце, но треба да останеме фокусирани

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги го сподели своето мислење за трката за титулата во Серија А.

Во натпреварот од 27. коло, Нероаѕурите синоќа на домашен терен ја победија Џенова со 2:1.

– Дали судбината на Интер е во наши раце? Очигледно да. За 33 дена ја зголемивме предноста во однос на Јувентус на 15 бода, но треба да останеме фокусирани. Во фудбалот сум долги години и знам како функционира. Има уште многу натпревари пред нас, треба да одиграме три натпревари пред репрезентативната пауза против многу сериозни противници – Болоња, Атлетико и Наполи, изјави тренерот Инзаги за „TuttoMercatoWeb“.

Интер продолжува да води во поредокот во Серија А. Тимот има 72 бода на 27 натпревари, а разликата од второпласираниот Јувентус сега е 15 бода.

МИА

Најчитани вести