Објавен нов јавен повик за Мерка 1 од ИПАРД: 7,4 милиони евра за инвестиции во земјоделско производство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на 12.02.2025 год. објави јавен повик бр. 01/2025 за Мерка 1 „Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД III програмата. Вкупниот буџет за овој јавен повик изнесува 7.415.335 евра, а апликантите може да побараат неповратен грант во максимален износ до 750.000 евра кој ќе покрие до 75% од прифатливите трошоци за инвестиции во сопствено земјоделско производство, преработка и директен маркетинг на земјоделски производи.

Финансиските средства на јавниот повик се наменети за следните приоритетни сектори:

  1. Сектор за растително производство, и тоа следните потсектори:
    • Житни култури
    • Индустриски и фуражни култури
    • Лозови насади (само вински сорти)
    • Други култури од Анекс I кои не се поддржани во рамки на Мерка 7
  2. Сектор за сточарско производство, и тоа следните потсектори:
    • Говеда (за: млечно говедарство, гоење)
    • Свињи (за: репродукција, гоење)
    • Овци и кози (за: млечно овчарство, козарство, гоење)
    • Живина (кокошки несилки, пилиња одгледувани за производство на месо – бројлери)
    • Друг добиток од Анекс I што не е поддржан во рамки на Мерка 7
  3. Сектор рибарство:
    • Фарми за аквакултура за слатководни риби
  4. Преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на фарма, и тоа следните потсектори:
    • Млеко и млечни производи
    • Јајца, месо и производи од месо
    • Овошје и зеленчук, вклучувајќи компири и мешункасти култури
    • Шира, сок од грозје, вино
  5. Производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка
    • Преработка на растителни и животински производи од примарна и секундарна биомаса (освен биомаса од рибни производи) за производство на биогас и/или биогорива
    • Користење на сончева енергија, ветерници, геотермална енергија итн.

Крајниот рок за поднесување на проектни апликации е 29.03.2025 год.

Начинот на аплицирање е со поднесување на Барање за финансиска поддршка, деловен план или технички предлог проект и придружна документација наведена во јавниот повик.

За подготовка на проектни апликации јавете се на
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Најчитани вести