ИПАРД грант за производство на метални производи: До 600.000 евра за нови машини и опрема, изградба и реновирање на објекти

Поддршката за започнување нов бизнис и развој на формираните микро и мали претпријатија претставува важен инструмент за унапредување на конкурентноста и за создавање работни места во руралните средини. Токму една од целите на мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности во руралните средини и промовирање на претприемништвото и деловен развој за неземјоделски производи.

На претстојниот повик за оваа мерка може да се аплицира за неповратен грант до 60% од вкупните трошоци за инвестиции во производство на непрехранбени производи од 110 различни дејности. Во продолжение на овој текст ќе се фокусираме на поддршката за инвестиции во производство на фабрикувани метални производи.

Кој може да аплицира

На јавниот повик може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра

Прифатливи трошоци

Кофинансираниот неповратен грант во максимален износ до 600.000 евра може да се искористи за покривање на трошоците за набавка на:

  • Секаков тип на машини и опрема потребни за производство и обработка на метал и метални производи: ЦНЦ, циркулари, глодалки, брусилки, дупчалки, машини за сечење, виткање, обликување, заварување, полирање, хидраулични преси, алати и др.
  • Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини
  • Опрема за манипулација, товарање и растоварање, вилушкари, транспортни приколки, контејнери, палети, подвижни ленти
  • Опрема за мерење на тежина
  • Опрема за следење на квалитет
  • Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање
  • Компјутерски софтвер (CAD/CAM софтвер и сл.)

Грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производство и обработка на метални производи (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор).

  • Набавка на сите градежни материјали и елементи
  • Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Листа на прифатливи дејности

Прифатливи се инвестиции во сите активности наведени во Националната класификација на дејности (НКД) под група 25 „Производство на фабрикувани метални производи“, освен под-класа 25.4 „Производство на оружје“.

На јавниот повик за оваа мерка може да аплицираат и постојни фирми кои имаат друга приоритетна шифра на дејност но планираат да започнат и со некоја од дејностите наведени во табелата.

ШифраНазив на дејност
25Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема
25.1Производство на метални конструкции 
25.11Производство на метални конструкции и делови на конструкции
25.12Производство на метални врати и прозорци
25.2Производство на цистерни, резервоари и садови од метал
25.21Производство на радијатори и котли за централно греење
25.29Производство на други цистерни, резервоари и садови од метал
25.3Производство на парни котли, освен котли за централно греење со топла вода
25.30Производство на парни котли, освен котли за централно греење со топла вода
25.5Ковање, пресување, штанцување и валање на метали; металургија на прав
25.50Ковање, пресување, штанцување и валање на метали; металургија на прав
25.6Обработка и пресвлекување на метали; општи машински работи
25.61Обработка и пресвлекување на метали
25.62Општи машински работи
25.7Производство на сечила, алати и метална опрема за општа намена
25.71Производство на сечила
25.72Производство на брави и шарки
25.73Производство на алати
25.9Производство на останати фабрикувани метални производи
25.91Производство на сандаци и слична амбалажа од челик
25.92Производство на амбалажа за пакување од лесни метали
25.93Производство на жичани производи, синџири и пружини
25.94Производство на сврзувачки елементи и завртни машински производи
25.99Производство на други фабрикувани метални производи, неспомнати на друго место

Локација на инвестиции

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Целосната листа на 1774 населени места определени како рурални области може да ја погледнете на овој линк.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации за грантови јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести