Инвестирајте со ИПАРД грант до 600.000 евра за производство на бетон, цемент, гипс, малтер, стакло, керамички плочки, обработка на камен…

Поддршката за започнување нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија претставува важен инструмент за унапредување на конкурентноста и за создавање работни места во руралните средини. Токму една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности во руралните средини и промовирање на претприемништвото и деловен развој за неземјоделски производи.

На претстојниот повик за оваа мерка може да се аплицира за неповратен грант до 60% од вкупните трошоци за инвестиции во производство на непрехранбени производи од 110 различни дејности (клик на линкот за целосната листа).

Во продолжение на овој текст ќе се фокусираме на поддршката за инвестиции во производство на неметални минерални производи. Оваа група спаѓаат го опфаќа производството на производи од бетон, цемент, влакнест цемент, вар, гипс, готова бетонска смеса, малтер, цигли, ќерамиди, огноотпорни производи, стакло, керамички плочки, подни плочи, керамички санитарни уреди, керамички изолатори, абразивни брусни производи и др. (целосна листа во табелата подолу).

Кој може да аплицира

На јавниот повик за мерка 7 може да аплицираат физички и правни лица кои ги исполнуваат критериумите за подобност.

  1. Физички лица
    • Со или без регистрирана дејност
  2. Правни лица
    • Микро и мали претпријатија со најмногу 50 вработени
    • Годишен приход најмногу до 10 милиони евра

Прифатливи трошоци

  • Набавка на нови машини и опрема потребни за производство и обработка на неметални минерални производи: бетонски блокови, други производи од бетон, цемент, влакнест цемент, вар, гипс, готова бетонска смеса, малтер, цигли, ќерамиди, огноотпорни производи, стакло, керамички плочки, подни плочи, керамички санитарни уреди, керамички изолатори, абразивни брусни производи и др.
  • Нови машини и опрема за подготовка и складирање на суровини
  • Вилушкари, транспортни приколки, палетарки, опрема за манипулација, товарање и растоварање, контејнери, палети, подвижни ленти
  • Опрема за мерење на тежина
  • Опрема за следење на квалитет
  • Контрола и систем за следливост на прием, складирање и дистрибуција
  • Лабораториска опрема и апарати за анализа на производот
  • Опрема за пакување и етикетирање на готовите производи, вклучувајќи складирање
  • Компјутерски софтвер (CAD/CAM софтвер и сл.)

Покрај нови машини и опрема, грантот може да се искористи и за покривање на 60% од трошоците за градење или реновирање на објекти во кои се одвива производството, обработката и/или складирањето на неметалните минерални производи (работилници, хали, магацини, инфраструктура за производство, административен простор).

  • Набавка на сите градежни материјали и елементи
  • Сите потребни работни операции и услуги за реализација на проектната инвестиција: подготовка на терен, градежни работи, реконструкција, транспорт и монтажа и др.
  • Набавка и поставување на фотоволтаици за сопствени потреби

Грантот е целосно неповратен, а се што е набавено во рамки на инвестицијата останува во сопственост на корисникот.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Листа на прифатливи дејности

Прифатливи се инвестиции во сите активности наведени во Националната класификација на дејности (НКД) под група 23 „Производство други неметални минерални производи“.

ВАЖНО: На јавниот повик за оваа мерка може да аплицираат и постојни фирми кои имаат друга приоритетна шифра на дејност но планираат да започнат и со некоја од дејностите наведени во табелата.

ШифраНазив на дејност
23Производство на други неметални минерални производи
23.1Производство на стакло и производи од стакло
23.11Производство на рамно стакло
23.12Обликување и обработка на рамно стакло
23.13Производство на шупливо стакло
23.14Производство на стаклени влакна
23.19Производство и обработка на друго стакло, вклучувајќи и теxничка стаклена стока
23.2Производство на огноотпорни производи
23.20Производство на огноотпорни производи
23.3Производство на градежни материјали од глина
23.31Производство на керамички плочки и подни плочи
23.32Производство на цигли, ќерамиди и производи од печена глина за градежништвото
23.4Производство на останати порцелански и керамички производи
23.41Производство на керамички предмети за домаќинствата и керамички украсни предмети
23.42Производство на керамички санитарни уреди
23.43Производство на керамички изолатори и изолационен прибор
23.44Производство на други теxнички производи од керамика
23.49Производство на други керамички производи
23.5Производство на цемент, вар и гипс
23.51Производство на цемент
23.52Производство на вар и гипс
23.6Производство на производи од бетон, цемент и гипс
23.61Производство на производи од бетон за градежни цели
23.62Производство на производи од гипс за градежни цели
23.63Производство на готова бетонска смеса
23.64Производство на малтер
23.65Производство на влакнест цемент
23.69Производство на други производи од бетон, гипс и цемент
23.7Сечење, обликување и доработка на камен
23.70Сечење, обликување и доработка на камен
23.9Производство на абразивни (брусни) производи и други неметални минерални производи, неспомнати на друго место
23.91Производство на абразивни (брусни) производи
23.99Производство на други неметални минерални производи, неспомнато на друго место
Табела 1: Преглед на прифатливи производни активности

Локација на инвестиции

Клучен предуслов за аплицирање е локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална област, односно населено место со помалку од 30.000 жители. Покрај селата во Македонија, ова ги опфаќа и градовите: Берово, Богданци, Валандово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Кавадарци, Кичево, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Крушево, Македонска Каменица, Македонски Брод, Неготино, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Струга.

Целосната листа на 1774 населени места определени како рурални области може да ја погледнете на овој линк.

ВАЖНО: Седиштето или живеалиштето на апликантот може да биде и во друго населено место.

За повеќе информации и целосна подготовка на апликации јавете се на телефонскиот број
📞 071 285 385
или испратете e-mail на ilin@dsi.mk

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести