Иран денеска ја обвини Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) дека дејствува како „партнер“ на Израел во неговата „агресија“.
Во извештај објавен пред почетокот на израелско-иранската војна, МААЕ го обвини Иран дека не ги исполнил своите обврски во врска со својата нуклеарна програма.
„Тие ја претворија МААЕ во партнер во оваа неправедна агресивна војна“, напиша на „Икс“ портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, упатувајќи ја својата порака до генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.
„Всушност, пред една недела истакнавме дека иако Иран е единствената земја во светот што збогатува ураниум речиси до воено ниво (…), не можам да тврдам дека има директни напори за производство на нуклеарно оружје“, изјави вчера Гроси за францускиот телевизиски канал „Франс 24“.
МИА


