Иротова – Лазарева: Субвенциите за лозарите и овоштарите ќе се исплатат пред празникот Св.Трифун

„Веќе традиционално кај нас, лозарите и овоштарите ќе ги добијат субвенциите пред Св.Трифун“ – Изјави директорката на АФПЗРР, Даниела Иротова -Лазарева во интервју за Агротим.

Според неа, се очекува до крајот на неделава на Влада да бидат донесени Програмите за директни плаќања и Рурален развој, услов за да може да се врши исплата на субвенциите.

-„Само со донесени Програми на Влада, ние како Агенција имаме легитимитет да издаваме решенија и налози. За лозарите и овоштарите парите се обезбедени и ќе бидат исплатени. После ова ќе дадеме предност на исплатите кои се доспеани, а не се реализирани“, изјави Иротова – Лазарева

Повеќе од видеото:

Интервјуто со директорката на АФПЗРР во целост ќе го емитуваме во петок во 20 часот на платформата Агротим.мк.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести