Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, потврди дека е пронајдено телото на 33-годишната пејачка на Гранд,Јелена Марјановиќ за која Србија се крена на нозе во изминатите 20 часа.
Добив потврда дека сме го порнашле телото во каналот на територијата на општина Палилула – изјавил Стефановиќ.
Како што дознава Ало.рс, полицијата прво го пронашла нејзиниот мобилен телефон, а потоа и едната патика за на крај да го пронајдат и нејзиното тело.
За потсетување, пејачката исчезна вчера по прошетката и џогирањето со нејзиниот сопруг и ќеркичка.
.


