Испитувања за искористување на остатоците од органскиот отпад во Тиквешкиот регион 

Винарија „Бовин” како еколошки свесна и општествено одговорна компанија, има за цел да врши оптимизација на технолошките процеси со искористување на сите расположливи ресурси, преку осовременување на постоечките и имплементирање на нови современи техники во процесот на производство. Ова го изјави за МИА, генералниот директор Коста Китановски, откако вчера беше промовирана машина за балирање на отпад од лозови насади и беше кажано дека органскиот отпад од лозјата, наместо да се гори, може да се користи за повеќе намени. 

– За таа цел, со помош на Германската стопанска комора, односно, Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија(БМЗ), преку ЦРПМ  (Центар за истражување и креирање политики), генерира заеднички пилот проект, каде ќе се идентифицираат предусловите, правни и рамковни и ќе се направат испитувања, од што пак ќе произлезе моделот за оптимизација и искористување на остатоците од органскиот отпад, рече Китановски. 

Тој додаде дека испитувањето треба да даде детални информации за искористувањето на остатоците на органската маса, односно, да даде бизнис модел и студија како дел од циркуларната економија, како би имало максимален учинок. 

Китановски повтори дека во проектот, покрај ГИЗ и ЦРПМ, се вклучени Земјоделскиот факултет, Министерството за земјоделство и локалните општини, преку кои треба да се спроведе наредната фаза од проектот. Тоа е практична имплементација на моделот на терен, а со тоа и помош на локалните земјоделци. 

Во Неготино вчера беа промовирани досегашните резултати од проектот „Развој на систем за управување со органски отпад во производство на грозје и вино во Тиквешкиот регион“. 

MИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести