Исплатата на лозарите е законска: Управниот суд вечерва ја поништи одлуката на ДКСК по приговор од ВМРО ДПМНЕ

Соопштение на Управен суд:

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски – претседател на советот, Лулзим Салиу и Дрита Мемети – членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот  Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, против Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, за спречување на корупција и судир на интереси, на седницата на советот одржана на 19.04.2019 година, согласно член 36 став 2 од Законот за управни спорови, донесе пресуда Урп.бр.21/2019 со која

Тужбата на тужителот Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, СЕ УВАЖУВА.

Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, СЕ ПОНИШТУВА.

Антикорупциската комисија,  по приговор од ВМРО – ДПМНЕ, заклучи да се иницира постапка за утврдување одговорност за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје, која исплатила вкупно 77 милиони денари на над две илјади лозари за откуп на винско грозје од реколтата 2014-2015 година од приватните винарии „Повардарие“ и „Стефанс“. Според ДКСК не се работи за тековни односно редовни исплати.

]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести