Министерството за финансии денеска на сметките на 301.660 пензионери исплати 4 милијарди 174 милиони денари пензија за месец мај.
Како што соопштија од ова министерство, денеска се исплатени и студентските стипендии за последните 5 месеци во висина 118,2 милиони денари.
„Министерството исплати 439 милиони денари за субвенции, од кои за житни култури 114,1 милиони денари, за лозови насади 31,8 милиони денари, за градинарски култури 36,3 милиони денари, за мерката одгледување на говеда 100 милиони денари, за одгледување на овци 154 милиони денари и за млеко 2,7 милиони денари“, се додава во соопштението.


