Истекува рокот за воведување фискални со ГПРС уред

Неделава истекува рокот за воведување нови фискални апарати со ГПРС уред, преку кои даночните обврзници ќе бидат електронски поврзани со серверот на Управата за јавни приходи.

Според последните податоци, 38.565 фискални апарати со ГПРС уред успешно се регистрани и поврзани со новиот систем на УЈП за он-лајн следење на готовинските плаќања.

По истекот на рокот, даночните обврзници кои не користат фискален систем на опрема со ГПРС ќе се соочат со глоби кои се движат од 750 евра за физички лица (трговци-поединци) и 3250 евра за правните лица, како и со времена мерка забрана за вршење на дејност во објектот од 30 дена.

Најчитани вести