Завршена е истрагата и до основниот кривичен суд поднесени се две обвиненија за случајот „онкологија“. Првото е директорите Нино Васев и Нехат Нухи кои раководеле со клиниката во периодот од 2018 до 2022 година, а се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, измама и проневера во службата.
Со ваквите дејствија се остварило значителна добивка за другите и буџетот бил оштетен во износ од над 2,2 милијарди денари, велат од ОЈО.
Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски вели дека за да била успешно завршена истрагата и нема пристрасност во изработката на медицинските извештаи биле ангажирани странски експети од областа.
Според второто обвинение пак ќе се гонат и лекари онколози од клиниката, а се однесува за третманот на пациентите. На 29 пациенти им било давано несоодветна терапија, додека пак на 16 им се давало терапија која воопшто не им била потребна.
Предметната обвинителка Ана Гоговска-Јакимовска изјави дека директорите дејствувале надвор од рамките од своите службени овластувања и биле прекршени неколку регулативи.
Истрагата за случајот „Онкологија“ започна откако медиумските почнаа да објавуваат за злоупотреби во лекувањето на пациентите болни од канцер. Неправилности во лекувањата на Онкологија беа забележани и во извештајот на државниот завод за ревизија кој се однесува за работењето на клиниката, но исто така имаше и објави дека скапа биолошка терапија од Македонија завршувала на црниот пазар во Косово.
извор: 24.mk


