Репрезентациите на Италија и на Шпанија обезбедија пласман во полуфиналето на футсал Европското првенство кое се одржува во Белгија.
Италијанците во четвртфиналната рунда ја совладаа Хрватска со 2:1.
На вториот дуел одигран синоќа Шпанија со убедливи 4:0 ја елиминира Словенија и обезбеди пласман меѓу четирите најдобри.
Претходно учество во полуфиналето обезбедија Русија и Португалија.
Паровите за полуфиналната фаза се: Португалија – Италија и Русија – Шпанија.
]]>


