Меѓународната антивирусна компанија ЕСЕТ соопшти дека е пријавена засилена активност на „тројанскиот коњ“ Кадарс, којшто собира кориснички податоци користејќи ги програмите за онлајн банкарство, пренесува ИТАР-ТАСС.
Штетната програма „научила“ како да ги избегне безбедносните заштити на повеќе нивоа, кои се поставени на компјутерите.
– За измама кибер криминалците бараат да биде инсталирана мобилна компонента, која дава можост за заобиколување на системот, потврдувајќи ги банкарските операции. Штетниот код се инсталира во пребарувачот, давајќи им можност на кибер криминалците да ги променат параметрите на трансакциите и да спроведуваат други операции со банкарските сметки на жртвите, посочуваат експертите.
Тојанскиот коњ веќе активно се користи за напади врз корисници во Европа, Азија, Австралија и Северна Америка.


