Итек е првата инвестиција во ТИРЗ Тетово

Италијанската компанија Итек, која произведува композитни материјали, се очекува наскоро да почне со изградба на нов објект во индустриската зона во Тетово. Инвестицијата е 5 милиони евра и во првите две години ќе донесе 150 нови вработувања.

– Ова е прва инвестиција што ќе се реализира во ТИРЗ-Тетово. Итек ќе ја реализира инвестиција во зоната во Тетово преку локалната компанија „PRO COMP ADVANCE TECHNOLOGIES. Самиот објект, кој се надевам ќе започне многу брзо да се гради, ќе биде на површина од 6.000м2“, изјави директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида по потпишување на Договорот за реализирање на инвестицијата.

Роберто Оскири, директор на компанијата Итек, изрази задоволство што инвестираат во Македонија.

– Среќен сум што се наоѓам во Македонија и се надевам дека ќе имаме успех, рече Оскири.

Според најавите, првата фаза на оваа инвестиција се очекува да заврши набрзо, додека пласманот е обезбеден за две години.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести