Со оглед на тоа дека од утре, понеделник (21.11.2016) почнува кампањата за Изборите кои ќе се одржат на 11 декември, погледнете какво време не очекува и што може активистите и симпатизерите на партиите на терен да очекуваат, информира Метеомакс.
Под влијание на висок воздушен притисок и на стабилна и сува воздушна маса времето во Македонија и во следните денови ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло. По котлините и по речните долини ќе има магла и ниска облачност особено во ноќните и претпладневните часови.
Температурите овие денови ќе бидат релативно високи (натпросечно топло) и ќе се движат во интервал од 10 до 17 степени.

Зголемување на облачноста ќе има од петок кога во попладневните часови и во текот на ноќта кон сабота како и во сабота во претпладневните часови ќе има услови за локални повремени врнежи од дожд.
Во следните денови очекувајте нови а по потреба и обновени информации!
Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ!


