Џема Мелвин ја направи тортата, инспирирана од коктелот со лимон послужен на свадбата на кралицата со принцот Филип во 1947 година. Тортата содржи слоеви лимон, крем, желе „Сент Клементс“, мандарина и бисквити „Амарети“.
Околу 5.000 Британци на возраст од осум до 108 години учествуваа на националниот натпревар во чест на 70-годишното владеење на кралицата, по што следеше изборот на пет финалисти. Џема, готвачка од Саутпорт, ги победи колегите, а сопругата на принцот Чарлс, војвотката од Корнвол, Камила Паркер го прогласи победникот.
Можеби најважниот услов поставен од организаторите, беше тортата да може да се направи лесно и од гледачите дома, па и тие да се насладуваат со истиот рецепт при националната прослава во земјата следниот месец.
МИА
]]>


