Исчезнаа трите децата на контроверзниот романски бизнисмен, милионерот Адријан Мартијан, наводно нивната дадилка ги изгубила, објавија романските медиуми.
Полицијата во Хунедоара е на готовност, а сите расположливи единици трагаат по трите деца на возраст од 7, 9 и 11 години.



Се шпекулира дека децата ги киднапирал нивниот татко, откако судот одлучил старателството да ѝ припадне на мајката.
Родителите на децата веќе подолго време преку судски постапки се борат за старателството, бидејќи и мајката и таткото имале одредени забрани. Имено, на таткото му било забрането да им се приближи поблиску од 150 метри, а на мајката ѝ се судело бидејќи им се заканувала на децата со смрт. По одлуката на судот, на двајцата родители судот им ги одзел правата. Меѓутоа, потоа е одлучено децата сепак да бидат со мајката.
По најмалите е започната национална потрага откако дадилката наводно ги изгубила, односно откако излегле од домот каде живееле со мајката. Исчезнувањето пак, го пријавил нивниот татко.
„Полицијата продолжува со истражните активности и потрагата по три малолетници чие исчезнување го пријавил нивниот татко во понеделникот, во радиусот на селото Сантандреј. Станува збор за две девојчиња и едно момче на возраст од 7, 9 и 11 години“, изјави портпаролот. на полицискиот инспекторат на областа Хунедоара, Богдан Нику.
Полицијата ги замоли сите што имаат информации за децата да се јават на наведените телефонски броеви или да се јават во полиција. Тие објавија опис од децата и фотографии, но полицијата не знае каква облека носеле децата кога наводно биле киднапирани.
Адријан Мартијан е контроверзен милионер со бизниси во неколку области. Во моментов поседува компании во Романија и неколку европски земји.


