Нема жртви во пожарот кој избувна во куќа кај Универзална сала во Скопје. Околу 20 часот очевидци пријавиле дека гори куќа која според соседите била празна околу една година, откако починал сопственикот. Пожарот бил локализиран за брзо време, бидејќи пожарникарите веднаш дошле по пријавата од соседите. Што е причината, ќе се знае откако ќе биде завршен увидот.
Извор: Либертас


