Израел се согласува на 14-дневното примирје што го објави американскиот претседател Доналд Трамп на само два часа пред истекот на рокот кој му беше поставен на Иран за отворање на Ормускиот Теснец или соочување со засилени воени напади, изјавил висок претставник на Белата куќа за „СиЕнЕн“.
Според истиот извор, Израел се согласил привремено да го сопре бомбардирањето врз ирански цели додека траат дипломатските преговори.


