Изречени 173 санкции за брзо возење

На територијата на државава во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 173 санкции за брзо возење.

Од нив, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, осум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 82 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 91 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника