Изрешетан водачот на навивачите на Партизан

Во болницата во белградска Бањица ноќеска бил примен Ален Костиќ (28), еден од најзапалените навивачи на белградски Партизан и водач на групата South family. Костиќ добил повреди во двете потколеници откако маскиран напаѓач пукал во него. Според белградските медиуми, вистинско чудо е како Костиќ останал жив затоа што кон него биле испукани голем број куршуми. Пукањето доаѓа по инцидентите кои се случија викендов на дербито меѓу Партизан и Црвена Ѕвезда, но полицијата се уште нема информација дали пукањето врз Костиќ има врска со настаните што се случија викендов.

 

 

Најчитани вести