Влатко Т. (33г) од Прилеп загина изутринава околу пет часот, во сообраќајна несреќа што се случила на излезот од Прилеп кај бензиската пумпа на Лук оил. Како што соопшти прилепското Јавно обвинителство, Влатко Т. управувал со мотор марка `сузуки` кога од засега непознати причини удрил во тотемот кадешто се испишани цените на бензиската пумпа и починал на лице место.
„Според досегашната истрага, лицето е единствен учесник во несреќата. Увид е извршен на лице место, наредена е обдукција, што ќе се изврши утре“, изјави обвинителот Ристо Шошески.


