Ja испрати и првата фотографија: Роверот „Истрајност“ слета на Марс

Роверот на американската вселенска  агенција НАСА „Perservence“ (Истрајност), по седум месеци патување низ вселената, вечерва во 21,56 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер, со што и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на Црвената планета.

Веднаш по пристигнувањето пристигна и првата фотографија.

https://www.youtube.com/watch?v=8t9WkLPxGSo&feature=emb_title

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во близина на Лос Анџелес се надеваат дека првата фотографија од Марс ќе ја добијат уште вечерва.

https://twitter.com/NASAPersevere/status/1362485214107164673

Кратерот „Езеро“, именуван според едно село во Босна и Херцеговина, е слив широк 45 километри, сместен во северната хемисфера на Марс. Местото се разгледувало за слетување и на претходните мисии, но досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета на него.

MИА

]]>

Најчитани вести