Јанкулоска: Не пронајдовме ниту еден од артефактите што исчезнаа од Музејот на Македонија

МВР досега нема пронајдено предмети од оние кои се на листата артефакти што недостасуваат во Музејот на Македонија, но секоја информација што оди во прилог на нивно откривање и враќање во сопственост на држвата е добредојдена. Ова е одговорот од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање дали има нови моменти во истрагата за случајот на исчезнатите артефакти од Музејот на Македонија.

– Потрагата по предметите односно целокупната истрага има два сегмента. Едниот сегмент е идентификација на одговорните лица или лоцирање на одговорноста за она што се случило, а вториот е евентуалното откривање на предметите и нивното враќање во сопственост на државата, изјави Јанкулоска денеска на прес-конференцијата во врска со запленетата марихуана на ГП „Делчево“.

Јанкулоска упати апел доколку некој има каква било информација за можната локација на некои од предметите да ја сподели со надлежните институции.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести