До кога ќе се криеш позади моќта на функцијата, која ја окупираш на нелегитимен начин! Најбрутална флека што сеуште ја комромитира македонската полиција. Лажлива и вешта манипулаторка со полициските процедури, со законите и Уставот. Итра измамничка без совест сѐ со цел да имаш моќ над другите. Досега не сум сретнала ваква подла и перфидна карактерна црта кај било кој вршител на јавна функција! Работев како полициски службеник во одделението за финансиски криминал, поточно во тимот за сузбивање на измамите. Ова што ти, нелегитимна министерке го правиш е измама на човештвото. Сите македонски граѓани ги доведуваш и држиш во заблуда со лажно прикажување и со прикривање на фактите на сѐ што правиш и на сѐ што ќе изустиш!
Си поигра со емоциите на семејството на убиениот млад човек Мартин Нешковски. Си поигруваш со емоциите на сите нас. Вчера за миг помислив дека образот ќе ти омекне и ќе исплива малата грижа на совест што провејува во твојот глас, додека разговараш со портпаролот Иво Котевски. Помислив дека ќе поднесеш оставка. Напротив, ти се засили – затоа што така побараа од тебе?! На твоето лице не видов „чаталање и фалење“! Повторно се изнервира што на некој „малоумен не му текнало дека не може убиство да сокриеш“. Знаеш дека е КРАЈ. Осмели се! Пред извесно време генералот Ангелов ти понуди заштита од „Фамилијата“ до денот на Чесниот СУД. Искористи ја веднаш! Знаеш дека те слушаат и знаеш преку кого можеш да го направиш контактот за моментален спас!
Сама сѐ признаваш. Свесна си дека си сторила сѐ за да го прикриеш најтешкото кривично дело – УБИСТВО!!! Како можеше? Твојата министерската фотеља беше поважна од човечкиот живот? Покажуваш загриженост во аудио снимката и велиш дека убиениот Мартин бил џанкер, но, не било решение некој да го убие. Ве следело малер! Кога си сама запрашај се ЗОШТО?! Протуѓер ти кажа дека убиениот Мартин бил „ваш“ член! Зошто не се сретна со неговото семејство?! Зарем и од своите се плашиш?! Колку ли се спремаше за вчерашниот пресс, за разлика од 2011 година? Колку лексилиуми испи?! Како што му препорачуваш на твојот претседател? Покажуваш сомнеж кој е вистинскиот убиец? Нема службена белешка за настанот. Само со „признание“ убивте ЧОВЕК и затворивте човек. Каква спојка на монструозна машинерија за конструкции на злосторства.
Осмели се Игоре Спасов! Ти си ТИГАР специјалец и ученик на вистински генерал. Мојот сопруг ми кажуваше дека си способен и извонредно интелигентен човек, а не човек чиј мозок е оставен во тегла, како што те навредува нелегитимната министерка. Само си имал лоша среќа и си „паднал во малоумната багра“ како што кажува таа. Биди Човек и НЕ дозволувај сеуште да те замолчуваат. Кажи ја вистината. Не ти дадоа шанса на судењето. Те замолкнаа со разните привилегии во „Идризово“ и ветувањето дека ќе излезеш за две- три години, а за возврат дале МНОГУ. Слушнав дека си незадоволен од договореното во канцеларијата на МВР. Напуштањето на работното место во Куманово е дисциплински престап во споредба со тоа што ти го накалемија. Слушнавме, дека дури и Апостол како тогашен началник на СВР Скопје и поранешен инспектор во одделот за крвни деликти (кој многу добро знае како се докажува овој кривично- правен настан) те убедувал да потпишеш записник , да признаеш… Си одговорил: ЈАС НЕ СУМ! Не сум се пријавил! Кој е, кажи Спасееее???
Добро бе колеги, кого чувавте? Ви дала одврзани раце за постапување! Со усна наредба, ли? Кого тепавте? Се браневте! Од кого? Од вашиот народ. Ќе ви ги платела прекувремените часови! Сега можело, А? Сега и бензин ќе ви стави во приватните возила за да ве „собере“ на работа. Зошто не ја пуштивте мајката на Мартин и неговиот брат да влезат во Владата? Беа пред влезната врата додека вашата нелитимна министерка држеше „пресс“. Бараа само средба со неа. Таа не може да им го врати чедото Мартин! Вие сте ЛУЃЕ. Имате деца. ОСВЕСТЕТЕ СЕ ПОЛИЦАЈЦИ!
Фејсбук статус на Јасминка Ангелова


