Надалеку е познато дека сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена Ѓоковиќ, е поборник за здравиот начин на живот, а на нејзината веб-страница открива дел од тајните за нејзината витка линија.
Таа неодамна објави слика од пред 12 години и според фотографиите оттогаш не се променила многу! Како што вели се труди да јаде што е можно позрава храна, редовно да тренира и во секоја прилика истакнува дека здравјето ѝ е на прво место!
Резултат од добрите навики е нејзината неверојатна младоликост, но и совршена линија и по две бремености.
Во објавата на нејзината веб-страница, „Како открив што е добро за моето здравје“, таа објасни како се префрлила на поздрава исхрана.
„Во одредени фази од мојот живот поважно ми беше да си го нахранам мозокот со знаење, отколку телото со енергија. Јадев пици, тестенини, хамбургери и сендвичи, како и слатки. Јадев многу овошје но не и салата. Се сеќавам дека мислев оти салатите се за луѓето кои сакаат да ослабат, а бидејќи бев слаба, секогаш како да ми требаше „потешка“ храна за да се нахранам. Ја поделив храната во две групи: онаа што создава целулит и онаа што не создава“, се потсетува Јелена на која сега сето тоа ѝ е смешно.
Дури по многу години сфатила дека таа всушност само се грижела за целулитот и килограмите.
„Доброто е што немав многу пороци кога веќе решив да користам здрава исхрана. Коа бев помлада пробав кафе, но не ми се допадна. Всушност, повраќав цела ноќ откако го пробав. Така беше и со цигарите. Кога пробав алкохол, повраќав 3 дена и поради тоа ослабев 4 килограми“, открива таа.
Јелена сфатила дека нејзиното тело ѝ праќа порака секогаш кога му прави лошо на нејзиното тело, а потоа открила 3 работи кои се основа за нејзиното здравје.
„Тоа е добрата исхрана, редовното вежбање и добриот сон. Кога ќе ја прескокнувам мојата рутина, телото веднаш го чувствува тоа. Веднаш почнувам да се чувствувам уморен, трома, надуена и вознемирена. Но, веќе знам што е тоа што не е во ред со мене, бидејќи конечно јас и моето тело зборуваме на истиот јазик“, напишала таа.
Во еден момент дури била опседната со тоа што го јаде.
„Сфатив дека енергијата што ја трошам е всушност енергијата што ја внесувам во себе. Потоа станав опседната со тоа што го јадам. Тоа ми беше како една од фазите. Не треба да бидеме опседнати со ништо, но претпоставувам дека секој мора да ја помине таа фаза за да си ја најде рамнотежата“, раскажува Јелена.
Јелена тврди дека кога нема време, ги прескокнува тренинзите, за што признава дека ѝ е слабост.
Таа има важна порака за сите:
„Ако нешто е добро за мене, не значи дека е добро и за тебе. Секој треба да си го слуша своето тело и да постапува соодветно“, порачачува таа на крајот на нејзината приказна.


