Легендарниот холандски фудбалер Јохан Кројф смета дека Бразилецот Нејмар може да претставува проблем за шпанскиот гигант Барселона. За Кројф, неспорни се квалитетите кои ги поседува Нејмар, но Холанѓанецот смета дека тој несмее да биде најскапо платениот играч на Барселона.
– Проблемот на Барселона е Нејмар. Тој, без сомнение, е голем играч, но не може да донесете 21-годишен играч и да го платиш повеќе од играчите кои освоија се, изјави Кројф за шпанскиот спортски весник „Ел Мундо Депортиво’’.
Нејмар, кој изминатото лето од бразилскиот Сантош се пресели на „Ноу Камп“ годишно ќе заработува плата по 7 милиони евра. По неговиот трансфер Барселона се соочи и со обвинение за затајување данок, па од таму и сомнежите дека Бразилецот ќе ја чини Барселона и многу повеќе од пријавеното.
– Ваквата ситуација во Барселона може негативно да влијае на атмосферата меѓу останатите играчи. Едноставно, Барселона веќе го има најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, па не може 21-годишно дете да биде клучен фактор во тимот. Тоа е невозможно во фудбалот, потенцира Јохан Кројф.
]]>


