Македонските тенисери Томислав Јотовски и Бесир Дургути постигнаа победа во мечот од 1.коло на фјучрс турнирот Египет Ф7 во Шарм Ел Шеик. Тие претпладнево ја совладаа романско-руската комбинација Андреи Јоница и Максим Коломец со 6:2 и 6:0 во сетови.
Во следното коло ќе играат против Бразилците Алекс Блуменберг и Лукас Гуитари.
На турнирот во поединечна конкуренција ќе настапи и Јотовски, кој својот меч од 1.коло ќе го игра најверојатно утре против 5.ностител Стевен Монеке од Германија.
На фјучрс турнир во Анталија за жени оваа недела настапува и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Таа вчера во 1.коло во игра на двојки заедно со Украинката Олена Кирпот ги победија Мартина Колмења (Италија) и Лиса – Марија Мешке (Германија) со 6:2; 4:6 во гемови и 10:8 на поени во решавачкот сет.
Ѓорческа во 1.коло за противничка ја има Ксиаоронг Донг од Кина.
]]>


